Со оглед на тропските температури, веројатно што и да облечеме ќе ни биде жешко. Сепак, за денеска нашиот предлог стајлинг е од парчиња во кои ќе се чувствувате лесно.

Макси здолниште е задолжително парче во летната сезона. Практично е за повеќе пригоди и лесно за носење и комбинирање. 

Ние го споивме со симетричен топ без ракави, а на комбинацијата додадовме сандали со реси и чанта во истата нијанса, како и очила за сонце.

Но, вие можете да ја прилагодите на вашиот сензибилитет, па наместо топ, да облечете кошулка, или пак потпетиците да ги замените со рамни обувки, изборот е ваш.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
27 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
594 пати