СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Вторник во маслинесто зелен мантил и кожни чизми

27 септември 2022

Добро утро!

Акцентот на денешниот аутфит нека биде ставен на мантилот во неодолива маслинесто зелена боја со црни елементи со кој ќе му се даде живост и на наједноставната црна комбинација од блуза и пантолони.

Фото: Pinterest

За дополнителна нота на живост, дополнете го изгледот со чанта во светла маслинесто зелена боја и набрани високи чизми до колена во персиска портокалова боја.

Имајте прекрасен вторник.

Објавено:
27 септември 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
927 пати