Добро утро. Како сте? Се надеваме дека нè читате во добро расположение. Нашиот денешен предлог за оние што одат на работа или пак како инспирација за кога сето ова ќе помине, е женствена и практична комбинација.

Тесно молив-здолниште е парче што речиси секоја жена треба да го поседува, бидејќи е совшрено и за деловни и за стајлинзи надвор од работното место. Ова денеска е во кафено-златна нијанса, со миди должина и е искомбинирано со маица на кратки ракави во сина нијанса.

Чевлите се беж и со украсни камчиња, а чантата бела. Можеби вие никогаш не би помислиле да ги споите овие бои, но како што гледате, одлично функционираат.

Сепак, можете да направите и ваша верзија на стајлингот, во зависност од парчињата што ги поседувате и пригодата за која ви требаат.

Ние ви посакуваме убав ден!

Објавено:
28 април 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
940 пати