Добро утро. И овој ден го започнуваме со стандардната рубрика „Стајлинг на ден“. Нашиот денешен предлог е комбинација инспирирана од морето.

Тегет панталони со широки ногавици со миди должина и висок струк ќе ја нагласат вашата фигура. Во комбинација со блуза со тегет-бели риги, навистина прават да си замислиме дека сме подготвени за прошетка покрај море.

Но, сепак не сме и затоа изборот на обувки се беж салонки, што дополнително ќе ве издолжат дополнително и тегет чанта. Дискретен накит, алки или часовник и очила за сонце се модните додатоци со кои ја заокружуваме комбинацијата.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
16 јуни 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
641 пати