Вториот ден од работната недела поминете го во стилска комбинација составена од ретро парчиња! Денеска носиме широки ленени панталони во темно сина боја и ги комбинираме со слатка кошулка со јака и куси ракави која неодоливо потсетува на некое минато време. Комбинацијата надополнете ја со стилски потпетици во нежна виолетова, часовник во слична нијанса и сребрени алки. Чантата денеска е светло сина од оние минималистичките, со додаток реси од едната страна.

Ви посакуваме пријатен вторник!

Објавено:
14 јуни 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
606 пати