Вторник во неодоливи бои
•
1 ноември 2016
Вториот ден од работната недела го дочекавме со навистина ниски температури, па сега е вистинско време да уживаме во топлината што ни ја даваат прекрасните зимски џемперчиња. Денеска носиме широки фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со сиво џемперче со ѕвонести ракави. Стоплете се со ова фантастично палто во црно – бели пруги и овие чизмички до глужд. Секако, не заборавајте ја и црната стилска чантичка и нежната шминка која ја обожуваме оваа есен.