Вториот ден од работната недела поминете го во нежна комбинација составена од слатки парчиња кои се како создадени за времето надвор. Денеска носиме шик ѕвон фармерки и ги комбинираме со блузон во сива нијанса со панделка во предниот дел. Бидејќи носиме ѕвон фармерки комбинирајте ги со чизми на висока потпетица, а денеска и чантата е во таа нијанса. Стоплете се со ова фантастично сиво долго капутче, а комбинацијата украсете ја со сребрени обетки и нежен розов кармин.

Објавено:
15 ноември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
849 пати