Вторник во нијанси на праска
•
5 мај 2020
Добро утро. Се надеваме дека и ова утро нè читате во добро здравје и расположение. Ние денот го започнуваме стандардно со рубриката „Стајлинг на ден“.
Предлогот за денес е плисирано миди здолниште во комбинација со бела маица и краток мантил. Здолништето и мантилот се во две различни нијанси на праска, што го прават стајлингот уште повпечатлив. Очила за сонце, чанта преку рамо и сандали или чевли и подготвени сте.
Ви посакуваме убав ден.