Вторник во одело во ментол нијанса + розови детали
•
19 април 2022
Оделото е вистинскиот избор за оваа модна сезона и одличен моден изум за на работа. Токму затоа, овој сончев вторник ве инспирираме да посегнете по блејзер и панталони од истиот комплет.
Бојата која ја одбравме е една од поактуелните оваа пролет и лето - нијанса мебтол. Дава некаква свежина на изгледот, одговара на секоја боја на коса. Панталоните со широка ногавица се апсолутен тренд, а блејзерот дозволено е да биде и oversize.
Комбинирајте ги со контрастни детали, во случајов розови сандали/влечки на висока потпетица кои се обувки на сезоната.
Ви посакуваме продуктивен вторник, полн самодоверба и успеси!