Денот како и секогаш го започнуваме со предлог-комбинација. Овој пат се одлучивме за панталони со висок струк во беж нијанса. 

Во делот на половината имаат шриок ремен кој се врзува странично и уште повеќе го истакнува овој дел од телото.

Со панталоните одбираме црна маичка на прерамки, основно и класично парче кое секогаш ќе ви се најде, а одозгора додаваме црно поспортско палто.

Комбинацијата ја заокружуваме со модните додатоци - црни чевли на висока потпетица, чанта во црно-бела комбинација и црн часовник. Ако не сте љубител на часовници, сменете го со неколку алки или пак, рацете оставете ги слободни, а додадете марама околу вратот.

Оставаме деталите да ги прилагодите на вашиот стил.

Имајте убав вторник!

Објавено:
17 април 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
675 пати