Вториот ден од работната недела поминете го во фантастична комбинација составена од парчиња во пастелни нијанси. Носиме здолниште до колената во крем нијанса со интересни странични џебови. Комбинацијата ја надополнуваме со неодоливо џемперче во бела боја со цветови во делот кај рамената. Бидејќи џемперот е навистина топол, носиме единствено едно капутче во слична нијанса како здолништето и стилски чизмички до глуждовите. Чантата е супер елегантна и во неколку бои што совршено одговараат на целата комбинација. Дополнително, џемперчето украсете го со овој впечатлив ѓердан.

Објавено:
2 февруари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.042 пати