Нашиот денешен предлог е лежерна и весела комбинација. Се одлучивме за плисирано здолниште со цветен принт. Го комбинираме со маица со кратки ракави со принт во предниот дел во слични нијанси како оние што доминираат на здолништето.

Комбинацијата ја заокружуваме со тегет рамни обувки на шнирање, додека пак чантата е жолта.

Иако ги нема на фотографијата, додадете кармин и очила за сонце. Со оглед на непредвидливото време, предвид може да дојде и тексасна јакна.

Како и да одлучите да ја прилагодите оваа комбинација на себе, ние ви посакуваме да имате убав ден!

Објавено:
22 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
850 пати