Вторник, според некои истражувања е најтешкиот ден во неделата. Токму тоа е доволна причина да не дозволите да студот, растопениот снег и фактот дека сме само на почеток на работната недела, да ви влијае на расположението. Пркосете со облеката. 

Одлучете се за топол џемпер, фармерки и чизми во иста нијанса, па прегрнете се со најдебелото и најшизичко oversize пончо кое го поседувате. Потенцирајте го струкот со ремен со голема тока и подготвени сте за денот!

Имајте убав, продуктивен и весел вторник!

Објавено:
16 февруари 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
607 пати