Добро утро. Се надеваме дека празниците ги поминавте во добро здравје и убава атмосфера. За некого денеска е нов работен ден, а за некого уште еден ден во изолација.

Доколку сте од оние што мора да излезат, нашиот предлог е црна ролка, во комбинација со сиви карирани панталони со висок струк.

Мала чанта и чевли со висока потпетица, како и црн качкет се модните додатоци со кои стајлингот е заокружен. 

Додадете и јакна и останете во добро здравје.

Вие што не мора да излегувате, останете во своите домови.

 

Објавено:
21 април 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
622 пати