Вторник во романтична комбинација
•
4 септември 2018
Денеска сме романтично расположени. Затоа, да ги искористиме септемвриските сончеви денови за романтични комбинации во светли тонови.
За овој вторник нашиот предлог стајлинг вклучува безвременски џинс споен со бела кошула со цветни везови во розови нијанси.
Комбинацијата ја надополнуваме со мини чанта со кратка рачка, исто така во розова нијанса, како и со елегатни високи потпетици.