Вториот ден од работната недела поминете го во прекрасна пастелна комбинација која одлично се согласува со сончевото време. Денеска носиме стилски тексас комбинезон и го комбинираме со романтична розова кошулка со бела јака. Бидејќи времето е одлично, комбинацијата надополнете ја со овие бели рамни чевлички и слатка чантичка со розови цветови. Овој вторник носиме минимална шминка со впечатлив розов кармин и нежни обетки за дополнување на стајлингот.

Објавено:
12 април 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
803 пати