Многу пати говориме за тоа дека во текот на летото нема ништо поубаво од комбинација со летно фустанче, па овие денови некако постојано бираме такви стајлинзи.

Денеска носиме шармантно розово фустанче со интересни ракави и откриени рамена и со должина до под колената.

За уште поубав ден, го надополнивме со бели старки во кои ќе уживаме завршувајќи ги сите обврски. Од модни додатоци, носиме сламена чанта украсена со розови додатоци, сино венче со цветови и очила за сонце.

Уживајте во денот!

Фото: Pinterest

Објавено:
6 август 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
472 пати