Добро утро. Овој убав сончев ден го започнуваме со нов стајлинг. Нашиот денешен предлог е сатенско здолниште во интензивна портокалова нијанса, која ќе биде вистински хит летоска.

Во комбинација е со бела кошула, која се врзува во предниот дел се создава совршен контраст. Бели чевли и чанта во некоја друга боја се додатоците со кои е заокружен стајлингот.

Ви посакуваме убав ден и нека сонцето ве огрее со топлина и добро расположение.

 

Објавено:
9 јуни 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
608 пати