Со првите зраци на пролетта, вистинско време е да се ослободиме од фармерките и панталоните во кои ја поминавме зимата и целосно да се посветиме на здолништата и фустанчињата. Денеска носиме плисирано црно здолниште и го комбинираме со слатко џемперче во сина боја со цветни апликации во предниот дел. Доколку сметате дека утрово ви е потребен уште некој слој, тогаш комбинацијата надополнете ја со оваа шик кожена јакна, а што се однесува до чевлите, уште малку искористете од времето и одберете чизми до глужд. Чантата денеска е црна како повеќето парчиња од комбинацијата, а карминот неодоливо црвен! Украсете ја комбинацијата со овие кружни обетки кои ви се единствено потребни кога станува збор за накит. 

Објавено:
21 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
674 пати