Вторник во шик кошулка на пруги
•
3 јули 2018
Вториот ден од работната недела го дочекавме со многу сонце уште рано наутро, па одберете нешто полесно во кое ќе уживате во текот на целиот ден.
Токму поради тоа, денеска носиме лежерна кошулка во пруги во неколку бои и ја комбинираме со широки фармерки со висок струк.
Сандалите се дефинитивно нашите омилени обувки во текот на летниот период, па денеска носиме токму такви на плута со кафени, кожени ремчиња.
Комбинацијата надополнете ја со оваа шик чантичка која е дефинитивно хит број еден за ова лето и секако, накит по ваша желба.
Уживајте во денот!