Добро утро. Се надеваме дека сте во добро здравје и дека со нас ви започнува денот.

Ние пак, го започнуваме со нова комбинација која може да послужи како инспирација за тоа како можете да ги искомбинирате парчињата што ги имате во гардероберот.

Денешниот предлог се широки фармерки (mom jeans) кои се во комбинација со маица/блуза во портокалова нијанса. На тоа е додаден долг блејзер во тегет нијанса, а изгледот е заокружен со чевли на висока потпетица и чанта.

Модерна, а сепак удобна комбинација во која ќе привлечете внимание.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
20 април 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
747 пати