Добро утро. Се надеваме дека и утринава не' читате во добро здравје и расположение. Нашиот денешен предлог е составен од панталони со широки ногавици. Во бела нијанса се, а на крајот украсени со копчиња.

Но, доколку немате бели, можете да комбинирате со друга боја. Црн џемпер со шари во горниот дел е парче кое буквално асоцира на зима и празничен период и одлично ќе се вклопи со панталоните.

Чизми се изборот на обувки, а беретка во контрастна боја е модниот додаток кој ќе ја направи комбинацијата уште повпечатлива.

Секако, додадете капут и чанта.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
24 ноември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
622 пати