И ова вторничко утро го започнуваме со стандардната рубрика, „Стајлинг на ден“. Нашиот денешен предлог е во склад со топлото и убаво време, па може да ви послужи како инспирација за деновите што ни претстојат.

Тесно здолниште со реси во долниот дел во комбинација со маица со принт е стајлинг кој ќе ве направи впечатливи.

Доколку не сте обожавател на реси, заменете го со тесно миди здолниште, но нека биде во некоја интензивна боја.

На тоа додадете исто така чевли во боја и чанта која може да биде сосема контрастна или пак во склад со веќе искомбинираните бои, изборот е ваш.

Додадете очила за сонце и насмевка и уживајте во сонцето.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
12 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
356 пати