Иако за денеска предлагаме комбинација во сиви нијанси, не значи дека не е разиграна. За да го постигнеме тоа, си поигравме со принтовите.

Црните класични, широки панталони ги искомбиниравме со кошулка во риги, со карнери. На тоа додадовме ниски чевли со точкаст принт. 

Чантата што ја одбравме е исто така во сива нијанса, но со принт на девојка со куче. Кога е шминката во прашање, нека биде подискретна, со изразен виолетов кармин.

Доколку ви студи, можете да додадете некоја марама или сако, еднобојно, за да не претерате. Иако, принтовите се дискретни и функционираат одлично, сепак не секој се чувствува пријатно кога ги има во изобилство.

Ви посакуваме успешен вторник.

 

 

Објавено:
20 септември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
731 пати