Вториот ден од скратената работна недела поминете го во топло џемперче – фустан до колената комбинирано со шик црни чизмички. Денешната комбинација е навистина минималистичка, па единствено ни е потребен црн капут до колената и неодолива чантичка во црно – бела нијанса со сладок розов крзнен украс. Оваа комбинација е совршена за во текот на целиот ден, односно за завршување на работните обврски, но и за вашите предновогодишни забави со пријателите и колегите.

Уживајте во празниците!

Објавено:
29 декември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
752 пати