Вторник во сиво и розово
•
22 декември 2020
Добро утро. Се надеваме дека и ова утро не' читате во добро расположение. Нашиот денешен предлог е комбинација во сива и пастелно розова нијанса.
Панталони во сива нијанса се во комбинација со белакошула и сиво џемперче во посветла нијанса. На тоа е додаден капут во пастелно розова и патики, но изборот на обувки секако сменете го во склад со временските услови.
Ви посакуваме убав ден.