Добро утро. Се надеваме дека со оглед на околностите, успеавте да се одморите за време на продолжениот викенд. Новата работна недела ја започнуваме стандардно со рубриката „Стајлинг на денот“.

Нашиот денешен предлог се тегет панталони во комбинација со бела кошула и мантил на риги во истите нијанси. Чантата е исто така тегет, а црвената марама е парче која ќе му донесе впечатливост и свежина на изгледот. Чевлите се рамни, еден тип оксфордки во колор-блок комбинација, но виде направете го изборот што вам најмногу ви одговара.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
26 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
589 пати