Добро утро. Се надеваме дека нè читате во добро расположение и здравје. Ние утринава му се израдувавме на сонцето, па за овој вторник нашиот предлог е комбинација која ќе биде идеална за топлите сончеви зраци.

Стајлингот е составен од тексасно мини здолниште, бела маица и долго палто со малку поширок крој. Изборот на обувки во конкретниов случај се црни сандали со ремчиња, но вие можете да одберете чевли на потпетица, балетанки, мокасини, патики... Секако приспособете ја комбинацијата на вашиот моден сензибилитет.

Мала чанта, очила за сонце и синџирест ремен се модните додатоци со кои е завршен стајлингот. Наш предлог е и кратка свилена марама.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
2 јуни 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
650 пати