Вториот ден од работната недела поминете го во тренди boyfriend фармерки комбинирани со стилска блузичка со цветен дезен. Носиме и интересни чизмички до глужд во темно црвена боја и ранче во иста нијанса. Бидејќи времето надвор е навистина прекрасно и топло, без проблем можете да си ја облечете вашата омилена пролетна јакничка која ќе биде вистински погодок во оваа комбинација.

Уживајте во овој сончев вторник!

Објавено:
1 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
704 пати