Вторник во темно црвено џемперче и џинс
•
30 октомври 2018
Вториот ден од работната недела повторно го дочекавме со невообичаени температури за овој период од годината, но утрата се свежи па добро е да одбереме подебели парчиња.
Носиме едноставни фармерки во темна нијанса и ги комбинираме со џемперче во темно црвена боја кое е совршен избор за есен.
Комбинацијата надополнете ја со тексас јакна во светла нијанса и кафени чизмички на потпетица. Бидејќи и денеска имаме сонце, задолжително понесете ги и очилата за сонце кои сè уште можеме да ги комбинираме.
Имајте убав ден!
Фото: Pinterest/Lulus