Вториот ден од работната недела поминете го во супер шик комбинација составена од тексас парчиња и такви во темно сина боја. Денеска носиме интересни фармерки со везени ѕвезди како апликации во комбинација со тексас кошула и слатка блузичка со карнер одозгора. Уживајте во снегот и одличните температури со оваа темно сина јакничка, но заштитете се со оваа плетена капа и задолжителните чизми со кои ќе можете да одите во прошетка. Уживајте во денот! 

Објавено:
17 јануари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
742 пати