Вториот ден од работната недела поминете го во стилска сива комбинација составена од неколку интересни парчиња. Во фокусот денеска е ова тексас здолниште до колената кое е уште поубаво во комбинација со сивото џемперче со ѕвонести ракави. Стоплете се со ова фантастично сиво палто, а комбинацијата украсете ја со чизми до глуждовите со интересен принт. Чантата денеска е во знакот на вљубените, со романтичен натпис. Бидејќи утрово се разбудивме со сонце, задолжителни за денеска се очилата за сонце, а во утринските часови и зимската капа.

Имајте убав ден!

Објавено:
14 февруари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.056 пати