Вториот ден од работната недела поминете го во неодолива зимска комбинација составена од парчиња во топли кафени нијанси. Денеска носиме широки фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со џемпер во крем нијанса со малку потемни реси во предниот дел. Чизмите и денеска се едни од нашите омилени, во темно кафена нијанса, а чантата е во слична боја. Заштитете се од студот со ова топло капутче во темно кафена нијанса, модерна зимска шапка и кожени ракавици. 

Објавено:
20 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
646 пати