Вторник во топол џемпер и широко асиметрично здолниште
•
29 декември 2020
Добро утро. Се надеваме дека и овој вторник не' читате во добро здравје и расположение. Ние го започнуваме со предлог-стајлинг на денот.
Овој пат се одлучивме за топла комбинација во бели и беж нијанси.
Здолништето е широко во долниот дел завршува асиметрично, додека пак горе е со висок струк и на половината се врзува во панделка.
Во комбинација е со топол џемпер во беж нијанса со златен сјај, а изборот на обувки се високи чизми во складна нијанса.
Додадете капут и чанта и имајте убав ден.