Иако овој вторник го започнавме со неверојатно високи температури, тоа не значи дека не треба да се потрудиме за денешната комбинација. Денеска носиме широки фармерки со искинати делови и ги комбинираме со кратка топ маичка во риги. За комбинацијата да стане уште пошармантна, но и за да се заштитиме од сонцето, носиме и шапка во темно црвена боја и секако – очила за сонце. Доколку сте расположени, од вашиот плакар денеска одберете и модерни високи потпетици што одлично ќе се вклопат со комбинацијата. Чантата е кафена со реси, а што се однесува до накитот, тоа го оставаме на вашата фантазија!

Објавено:
21 јули 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
779 пати