Вторник во здолниште со животински принт и кафено капутче
•
8 октомври 2019
Вториот ден од работната недела го дочекавме со ниски температури и облачно време и тоа секако значи комбинација со парчиња што ќе не стоплат.
Денеска носиме долго здолниште со животински принт и го комбинираме со тенко џемперче во нежна бела нијанса.
Бидејќи утрата се навистина студени, комбинацијата надополнете ја со елегантно капутче во крем нијанса со должина до под колената.
Носиме и црни чизмички на висока потпетица и чанта во малку потемна нијанса од онаа на капутчето.
Имајте убав ден!