Вторник во здолниште + високи чизми + џемпер
•
23 февруари 2021
Добро утро. Нов ден, а од нас нова предлог-комбинација.
Овој пат се одлучивме за бело здолниште во А-крој, кое во случајов е искомбинирано со џемпер со ролка во беж нијанса.
Одозгора е врзан бел џемпер, тренд посебно актуелен последнава сезона. Високи чизми на потпетица, дискретен накит и чанта се модните додатоци со кои е заокружен стајлингот.
Вие направете комбинација складна на вашите можности и гардеробер.
Ви посакуваме убав ден.