Вториот ден од работната недела или првиот ден по продолжениот викенд поминете го во женствена комбинација составена од навистина уникатни парчиња. Денеска носиме класични темно зелени панталони и ги комбинираме со топло зелено џемперче со интересен принт во долниот дел. Комбинацијата истакнете ја со овие уникатни чевли со сладок украс на потпетицата и секако, ова шармантно палто кое ќе додаде уште повеќе стил на целиот стајлинг. Што се однесува до модните додатоци, носиме мала чантичка исто така во зелена нијанса, сребрени обетки и кармин во неодолива есенска нијанса.

Уживајте во прекрасниот ден!

Објавено:
25 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
977 пати