Првиот ден по слободниот и продолжен викенд го дочекавме малку тешко, а тоа секако значи дека треба да се дотераме за да се расположиме.

За денеска одбравме еден шик кус фустан во карирана варијанта и зелена основа со интересни копчиња во предниот дел.

Денот нека биде уште поубав и поудобен со овие стилски патики кои совршено го надополнуваат и онака шармантниот фустан.

Од модни додатоци денеска носиме накит во златна нијанса, очила за сонце и мини чантичка.

Имајте супер старт на работната недела!

Фото: Pinterest

Објавено:
10 септември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
581 пати