Вторник во жолто здолниште и памучна маичка
•
14 август 2018
Вториот ден од работната недела повторно го дочекавме со високи температури, па одберете лежерни парчиња во кои ќе уживате во текот на целиот ден.
Носиме жолто здолниште со шармантни принтови и го комбинираме со бела памучна маичка со принт.
Разубавете ја комбинацијата со рамни сандали во темно кафена нијанса со реси во горниот дел, кои се совршен партнер на останатите парчиња.
Одберете накит и чанта по ваш избор и уживајте во денот!