Првиот ден од работната недела го дочекавме со облачно време што се чини дека ќе остане слично и во текот на целата недела.

Токму затоа, да ја почнеме работната недела со стил и шик комбинација составена од неколку впечатливи парчиња.

Денеска носиме едноставна бела кошулка со деколте и ја комбинираме со панталони во темна нијанса со висок струк и ремен на половината.

Бидејќи и температурите се малку пониски, комбинацијата надополнете ја со ова стилско карирано палто одозгора и чизмички до глужд со животински принт.

Што се однесува до деталите, косата денеска украсете ја со колоритна марама и уживајте во денот!

Објавено:
27 мај 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
911 пати