На актерката Ева Лонгорија и моделот Алесандра Амбросио им се допадна белото здолниште од „Micha Collection“.

Уште поинтересно е дека и двете го комбинираа слично. Ева се одлучи за бел топ со широк околувратник, додека Амбросио одбра сличен топ, само поотворен.

Алесандра Амбросио

Всушност, она што најмногу се разликува во оваа комбинација е изборот на чевли. Моделката се одлучи за златни сандали, а актерката за бели со текстура.

Ева Лонгорија

Инаку, Ева одлучи да се појави во оваа комбинација на хуманитарната вечера што ја организираше во Лас Вегас кон крајот на август.

Алесандра пак, комбинацијата ја носеше десетина дена претходно, на забавата на „Omega House“ во Рио.

Чие издание ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
7 септември 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
617 пати