Антонија Ристовска или Мила Кадриу?
•
7 август 2015
Денешниот стилски двобој го посветуваме на долгите цветни фустани. Овој пат одбравме две креации од домашни дизајнери, од нивните последни колекции.
Антонија Ристовска
Антонија Ристовска предлага долг фустан, сечен во струкот и без ракави. Горниот дел е украсен со паспул по рабовите. Ситниот цветен принт и пастелните бои се добитна комбинација за нежна и лелеава креација.
MCouture
Мила Кадриу која твори под името MCouture, предлага долг фустан со сличен крој. И таа се одлучила за цветен принт, кој е во нешто поинтензивни бои, за разлика од оној кај Антонија и погусто распределен. Со оглед на тоа дека горниот дел е без ракави, дизајнерката одлучила да го украси со масивен ѓердан.
Која креација вие би ја носеле?