Денешниот стилски двобој го посветуваме на чевлите. Со оглед дека орнаментиката е апсолутен тренд во последниве неколку сезони, ви презентираме два такви модела, а вие кажете ни кој повеќе ви се допаѓа:

Долче и Габана во пролетната колекција презентираа чевли со висока потпетица со ремче околу глуждот и во предниот дел. На овие обувки од црн антилопт, одлично се истакнуваат златните апликации со кои се украсени, како во предниот дел, така и странично и на потпетиците. Кога сме веќе кај нив, од Долче и Габана се потрудија да имплементираат уште еден тренд, па потпетиците се широки и полни.

Моделот со потпис на модната куќа Емилио Пучи е сличен, но сепак различен. Овде се работи за антилоп обувки во кафена нијанса, но наместо апликации, овде има комбинација на везени цветови и украсни камчиња. Потпетицата е со иста форма како и кај Долче и Габана, но транспарентна. На тој начин, Емилио Пучи прави спој на модерното со класичното.

За кои би се одлучиле вие?

Објавено:
18 август 2015
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.363 пати