Кога излезе спотот за песната 'Se Acabo El Amor“ на Џенифер Лопез, долго се зборуваше за нејзиниот стајлинг. Таа носеше бела маица и шарено здолниште од модниот бренд „Вераче“. Тоа беше доволно да стане едно од најпосакуваните од нивната пролетна колекција. 

Токму затоа Лопез не е единствената што го носеше. И Ники Минаж се појави во истото модно парче, но го комбинираше со кожен корсет и розови сандали.

Двата стајлинга се впечатливи, но кој ви се допаѓа повеќе?

Инаку, здолништето го носеше и данската тенисерка Каролин Вознацки, моделот Марта Хант...

 

Објавено:
3 мај 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
577 пати