Џиџи Хадид или Елса Хоск?
•
26 јуни 2019
Денешниот стилски двобој е посветен на две манекенки во речиси идентични стајлинзи.
Џиџи Хадид и Елса Хоск одбраа топ со откриени раменици и џинс со висок струк, при што има преклоп и изгледаат како модни близначки.
Единствената разлика е во модните додатоци.
Џиџи носи црни обувки на врзување до глужд и златни, едноставни обетки.
Елса пак, стајлингот го заокружи со црвени балетанки, кадифена црвено-розова чанта, со марама со принт на неа.
Инаку, парчињата се со потпис на „Jean Atelier“.
Чија комбинација повеќе ви се допаѓа?