Модната недела во Лондон завршува, а на вчерашниот ден Роксанда Илинчиќ и Ердем имаа ревија едно по друго.

Ги прикажаа колекциите за есен 2019 година, а беше воочливо дека дизајнерите имале слична инспирација. 

Имено и во двете колекции се забележливи креации со карнери, односно волуменозни дизајни, збогатени со впечатливи панделки. 

Кај Роксанда доминираа еднобојните, но во интензивни нијанси, додека Ердем акцентот го стави на принтовите, но исто така во впечатливи нијанси.

Кои повеќе ви се допаѓаат?

 

 

Објавено:
19 февруари 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
267 пати