•
10 јануари 2018

Хрватската дизајнерка Матија Вуица на социјалните мрежи се пофали како светската ѕвезда Кармен Електра носи нејзина креација.
Електра е видена во фустанот што потсетува на пајакова мрежа на забавата после „Златен глобус“ во Лос Анџелес.
Но, она што стана интересно за балканските медиуми е што истата креација претходно ја носеше Северина и тоа во 2015 година.
Единствената разлика во креацијата е што кај американската актерка горниот дел е изработен во форма на корсет, додека кај Северина тоа не е случај.
Според вас, на која подобро ѝ стои?
фото извор: celebmafia.com; zadovoljna.hr;