Констанс Ву или Маргот Роби?
•
5 ноември 2018
Во денешниот стилски двобој се две популарни актерки - Констанс Ву и Маргот Роби.
И двете се видени во иста креација од модната куќа „Гучи“.
Се работи за фустан со цветен принт, карнери и панделка во предниот дел. Креацијата е со должина под колена, а двете актерки различно ги искомбинираа.
Поточно, се одлучија за сосема спротивен избор на обувки. Консанс го искомбинира фустанот со црни чизми, додека Роби со чевли со ременчиња, на висока потпетица и платформа.
На која подобро ѝ стои?