Стилот на Меган Маркл и Кејт Мидлтон честопати се анализирал и бил предмет на коментари. Двете Војвотки неретко беа споредувани, односно критикувани, а овој пат во медиумите се појави нов стилски двобој меѓу двете членки на британското кралско семејство.

И двете во текот на бременоста се одлучиле за фустан со плашт. Меган за време на турнејата во Мароко се појави во таков кремаст фустан на „Диор“ изработен специјално за неа. 

Со таквиот стајлинг многумина ги потсети на Кејт, која за време на бременоста со принцот Луис, во посетата на Шведска и Норвешка се појави во свилен фустан на „Александар Меквин“ кој во задниот дел има плашт, а во предниот е украсен со скапоцени камења.

Изборот и на модни додатоци е сличен, како и елегантната фризура. 

Чие модно издание ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
20 март 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
3.949 пати